Во периодот од 28 Јануари до 01 Февруари претставници од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани присуствуваа на првиот транснационален состанок во Алжустрел (Португалија) во рамките на проектот „8 струни на нашите лакови“ финансиран од програмата Еразмус+.

На состанокот присуствуваа наставници од сите проектни партнери: Велика Британија, Турција, Италија, Македонија како и од земјата домаќин Португалија.

„Проектните партнери на состанокот ги презентираа своите училишта и разговараа за понатамошните активности. а следната проектна активност ќе биде во месец Март а нашето училиште ќе биде домаќин. Очекуваме да не посетат 12 наставници и 24 ученици кои заедно со нашите претставници ќе работат на развој на визуелно-просторната, вербално-лингвистичката и логично-математичката интелегенција“ рече Лидија Коцева – Професор по Англиски јазик во СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани.

Инаку основната идеја на проектот е да се примени Теоријата за повеќекратна интелегенција на Хауард Гарднер, американски психолог, според кој постојат 8 видови на интелигенција. Оваа теорија наспроти традиционалниот пристап на ист начин кон сите ученици, предвидува развој на различни пристапи кон различни наставни теми во зависност од способностите и вештините на учениците.

Основната цел на проектот е да се поттикнат учениците да ја сфатат важноста за личен равој преку развивање на способности кои би биле најсоодветни за нив. Преку разни активности, интеракција и размена ќе се мотивираат учениците да разберат како нивните ново стекнати способности можат да ги користат во секојдневниот живот а и помалку омилените наставни предмети да им станат подостапни. Преку размена на учениците во странство тие ќе имаат можност и да научат нешто за обичаите и културното наследство на другите држави и ќе се уверат дека се исти, дури и во нивните разлики.

По 2

По 3

По 4

По 5

По 6

По 7

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари