Подобрувањето на временските услови овозможи да завршат односно да продолжат градежните работи на неколку локации во Кочани.

Со бехатон се поплочени дел од тротоарите на улиците „Љупчо Сантов“ и „АСНОМ“, а продолжуваат работите на улиците „Блаже Поп Арсов“, „Ѓорѓи Пулевски“ и „Кресненско востание“.

На улицата „Блаже Поп Арсов“ се довршува изградбата на потпорните ѕидови, а вкупната сума определена за реализација на овој проект е 1,6 милиони денари, средства од Буџетот на Република Македонија.

Продолжуваат и активностите за асфалтирање на улицата „Ѓорѓи Пулевски“, каде е во тек изградбата на потпорни ѕидови.

Изградбата на улицата „Кресненско востание“ опфаќа одводнување, дренажа, поставување решетка, шахти, трасирање на улицата во должина од 228 м, асфалтирање на 1.550 м 2 и поставување рабници.

Преку Бирото за јавни набавки, Општина Кочани објави оглас за изградба на улицата „Михајло Арсов“, на влезот во селото Прибачево во должина од 388 м., а во тек е и огласот за доделување договор за јавна набавка за бетонирање на пристапни патеки, улици и тротоари.

Со Годишниот план за јавни набавки се планирани и 5 милиони 330 илјади денари, од кои дел се грант од Светска банка, наменети за реконструкција на десниот коловоз од улицата „Теодосија Паунов“, на потегот од Автобуската станица до Агенцијата за вработување.

Општина Кочани

DSC_0005 (Copy)

DSC_0019 (Copy)

DSC_0022 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари