Вечерва Виница за прв ја организираше манифестацијата на која беа прогласени најуспешните во спортот за 2018 година, насловена како „Спортски Асови 2018“.

Она што пред повеќе од една година го вети Градоначалникот Ивица Димитров вечерва стана реалност,  спортот во Виница сврте една нова страница со која им се оддава признание на сите оние кои преку годината ги бранат боите на виничките клубови и се најголемите амбасадори на Виница.

Се избираа најуспешните во неколку категории.

За „Најдобар училишен спортски клуб за 2018“ е прогласено училиштето „Гоце Делчев“ и тренерот Петре Бошески, додека за „Најдобар спортски настан за 2018“ е прогласена Планинската трка „Чупино треил“.

Во конкуренција на четири пристигнати пријави за категоријата „Најдобар спортски клуб за 2018“  комисијата одлучи признанието да му го додели на РК „Торо спорт“, а додека Дарко Гоцевски од лајт кик бокс е „Најдобар тренер за 2018“.

Во категоријата „Најдобар млад надежен спортист за 2018“ беа прогласени најуспешниот во женска и машка конкуренција. Кај девојчињата признанието и беше доделено на гимнастичарката Патриција Костадиновска, а додека кај момчињата на кик боксерот Јани Постолов.

За категоријата „Најдобар спортист за 2018“ година од поднесените осум кандидатури комисијата се одлучи да им додели признанија на најуспешните тројца спортисти.

За „Најдобар спортист за 2018“ е прогласена маратонката Адријана Поп Арсова која трипати го има рушено сопствениот рекорд а додека на маратонот во Подгорица стана првата жена од Македонија која патеката ја има истрчано под магичната граница од 3 часа. Второто место и припадна на гимнастичарката Јана Николова, додека третото на ракометарот Климент Ефтимов.

Прогласувањето го спроведе Комисија составена од наставници по физичко воспитување, тренери на екипи, претставници од општината и од Советот на Општина Виница.

Манифестацијата се одржа во Хотел „Александар Парк“ а успешен организатор на истата беше Општина Виница.

С. Ивановски

DSCN8622DSCN8631

DSCN8683

DSCN8636

DSCN8640

DSCN8645

DSCN8647

DSCN8648

DSCN8652

DSCN8689

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари