СОУ „Љупчо Сантов“ доби мал грант од 30.000 денари од Министерството за образование и наука и исто толку доби и  проектниот партнер СОУ „Неготино“  од Врапчише за продолжување на започнатиот проект и потпишаниот меморандум за соработка помеѓу овие училишта а кој се однесува на меѓуетничка и меѓукултурна соработка.

„Преку овој грант нашето училиште ќе продолжи со таквата традиција и со таквото задоволство да нивни претставници  да го посетат нашето училиште и да организираат креативна работилница и обратно со организирање спортска активност. Целта е да се подобри комуникацијата во сопствената држава така што нашите ученици ќе се запознаат со нивните а тоа ќе се случи и меѓу наставниот кадар и ќе се унапреди заедничката собартка и ќе се упати порака до јавноста дека соживотот културната толеранција и соработка се на високо ниво“, рече  Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Инаку, овој проект за меѓукултурна соработка меѓу двете училишта беше потпишан и започнат пред четири години и досега се одржаа повеќе активности како дел од проектот,    а сега за истиот училиштата добија мал  грант кој е од големо значење за реализирање на понатамошните активности предвидени од проектот.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари