Подготвени се идејни решенија за детски игралишта на три локации во Кочани: на улицата „1 Мај“ во Белското Маало, спроти Ветеринарната станица и во Оризари кај црквата „Свети Атанасиј“.

Површината за детското игралиште на улицата „Први Мај“ е 923 м 2, каде во моментот има садници, коишто се водечки момент во организирањето на просторот, кој дополнително урбано и хортикултурно ќе се збогати.

Постојната оштетена опрема на локацијата во Оризари ќе се замени со нова, планирани се зони за седење, летниковец, игралиште, зеленило и соодветно осветлување. За оваа намена е планирана површина од 816 м 2 .

Поранешното детско игралиште кај Ветеринарната станица ќе биде обновено и проширено, откако на овој дел се отстранија нефункционалните бараки. На 180 м 2 ќе се доуреди површината со зеленило и бехатон и ќе се постави нова урбана опрема.

Стручните служби од Одделението за урбанизам во Општина Кочани работат на предмер-пресметка, по што ќе биде распишана јавна набавка за урбаната опрема, играчките, уредувањето на зелените површини и за поплочувањето на површините.

По иницијатива на жители, се очекува наскоро да започне постапката за изградба на детски игралишта и во селото Грдовци и во населбата Бејрут во Кочани, каде, според изјавите на граѓаните, потребата за ваков забавно-рекереативен простор се чувствува одамна.

Општина Кочани

lokacija-1vi-Maj-render1-1

lokacija-Orizari-render-1-1

postojna-sostojba-Veterinar

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари