Интелектуалната или било каква попреченост не претставува пречка да можат и лицата со попречност да организираат изложби, промоции на книги или слични настани  преку кои би можеле да го покажат својот талент или дарба што ја поседуваат. Таков пример е Верче Андонова од Кочани, член на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од  Штип која денес во ЈОУ библиотеката „Искра“ во Кочани пред граѓаните  ги претстави своите дела цртани во т.н „арапска техника“.

„Ова ми е шеста изложба по ред и многу се радувам и им благодарам на сите што ме подржаа да ја организирам бидејќи само вака ја покажувам мојата љубов кон цртањето и кон арапската техника што ја научив уште од дете“, рече Верче Андонова, автор на изложбата.

Изложбата се реализира во соработка со  Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од  Штип кои често ги поддржуваат ваквите настани со цел да се види дека е надмината дискриминацијата кон овие луѓе и не е толку изразена како што беше порано и да се види дека сепак и овие луѓе можат да бидат креативни и да ги изразат своите способности.

Изложбата освен со Центарот „Порака“  реализирана е и во соработка и со Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во  Штип и Здружението „Цивитас“.

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ постои во повеќе градови во Р. Македонија меѓу кои и во соседна Виница, но во Кочани веќе одамна не  функционира. Во контекст на тоа Андонова истакна дека  сепак недостасува и Кочани да има ваков центар бидејќи дружење што се случува таму е незаменливо и е  од големо значење за лицата со попреченост.

DSCN8698

DSCN8699DSCN8700

DSCN8701

DSCN8707

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари