Вечерва во „Фоаје 2“ во НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочан во склоп на проектот „Поезија – повод и причина“ беше претставен литературниот портрет на роднокрајниот автор Јане Атанасов.

Присутните низ манифестацијата ги водеше реализаторот на проектот Габриела Стефанова, а додека за творештвото на Јане Атанасов зборуваше рецензентот Славица Цветкова.

Атанасов своите први написи ги има направено во раната младост кога започнува да пишува поезија. Самиот начин на размислување и пишување подоцна го насочува кон пишувањето не само на поезија, туку и на останатите видови литература а додека во последно време вниманието на љубителите на убаво напишаниот збор го привлече со  пишувањето на афоризми.

Токму пишувањето на афоризмите во него побудува желба за уште нешто поголемо што ќе биде поврзано со афоризмите, се јавува како основач и главен двигател на Здружението на граѓани „Афористичка репрезентација на Македонија“ која преку досегашните шест „Вечери на Македонскиот афоризам“ успеа да внесе ведрина и релаксираност  кај се побројната публика.

Но блиските и пријателите на Јане Атанасов знаат дека тој не е само активен во литературата, туку е доста активен а и доста успешен во полето на радиоаматеризмот со кое се занимава веќе четврта деценија, односно уште како средношколец.

И за успешноста во полето на аматеризмот Атанасов има добиено голем број на признанија а посебно задоволство за него претставува добиената Плакета на Општина Кочани.

За време на вечерното претставување на литературниот портрет на роднокрајниот автор Јане Атанасов делови од неговото творештво читаа Мартина Ристевска, Анастасија Михаилова и Раман Рушенов.

Од неодамна Јане Атанасов веќе заплива и во пензионерските води.

С. Ивановски

DSCN8730DSCN8752

DSCN8736

DSCN8715

DSCN8717

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари