Во организација на ФФМ и УЕФА а со реализација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија денес во салата на ОУ „Никола Карев“ во Кочани започнаа училишните игри кои се дел од проектот „Зимски фудбалски радости“ во кои учествуваат победничките екипи од второ и трето и четврто и петто одделение од основните училишта од Кочани (ОУ „Никола Карев“ и „Крсте Мисирков“) и Виница („Славчо Стојменски“ и „Гоце Делчев“).

Учесниците ги поздрави Биљана Петров – Директор на ОУ „Никола Карев“ а за проектот зборуваше Зоран Андонов – Претседател на Сојуз на училишен спорт – Кочани. По поздравното обраќање проектот за отворен го прогласи Николчо Илијев – Градоначалник на Општина Кочани.

Во проектот се опфатени училишта од 21 општина во Македонија во кои учениците ќе се натпреваруваат во два дена. Првиот ден е за учениците од второ и трето одделение, а вториот ден за учениците од четврто и петто одделени.

Натпреварувањето опфаќа два дела, првиот е забавен и се изведува на четири полигони, а вториот е натпреварувачки каде се игра на два гола. Секоја екипа максимум може да брои по 16 натпреварувачи.

Резултати на учениците од второ и трето одделение:

„Никола Карев“ – „Крсте Мисирков“  1:0

„Славчо Стојменски“ – „Гоце Делчев“  1:0

Мало финале: „Крсте Мисирков“ – „Гоце Делчев“ 0:0 (2:0 – пенали)

Финале: „Славчо Стојменски“ – „Никола Карев“  0:0 (2:0 – пенали)

Сите ученици, учесници во проектот добија Дипломи и пригодни подароци обезбедени од ФФМ (Фудбалска Федерација на Македонија).

С. Ивановски

DSCN8797

DSCN8801

DSCN8809

DSCN8793

DSCN8787

DSCN8790

DSCN8796

DSCN8818

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари