Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2019 година ги прошири мерките за реализација и го зголеми опфатот на корисници.

Од почетокот на оваа година, со социјален пакет за новороденче Општината ги поддржува не само корисниците на социјална помош и невработените, туку и семејствата со ниски примања.

„Овде спаѓаат материјално необезбедените лица, кои според Законот за социјална заштита се лицата коишто немаат приходи или чии приходи по сите основи по член на семејство се помали од 5 илјади денари. Помошта за новороденче изнесува 3.500 денари и се состои од средства за хигиена, пелени и други потребни средства за нега на новороденче. Овој пакет може да го добие секое новородено дете во социјално или материјално необезбедено семејство“ соопштија стручните служби од Одделението за јавни дејности во Кочани.

Оваа година продолжува и помошта за болничко лекување за социјално загрозените и граѓаните со ниски примања, кои престојувале на болничко лекување во ЈЗУ Општа болница со

проширена дејност – Кочани, а спаѓаат во категоријата на осигурени лица чиј месечен нето приход во семејството е помал од 60 % од просечната нето плата во државата во претходната година.

За овие две мерки во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани се предвидени 350 илјади денари, од кои 200 илјади се за пакети за новороденчиња.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари