Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани, роднокрајниот поет, прозаист, историчар и хроничар Киро Герасимов во друштво на рецензентот м-р Љупка Стојменова денес пред медиумите од Кочани ја промовираше книгата „Богатство запишано во  времето“.

Книгата претставува збир на статии за Кочани и Кочанско објавени во разни медиуми. Составено е од шест дела насловени како:

I. Кочани низ историјата

II. Историски вистини

III.  Траги останати во времето

IV. Здравство

V. Музика и театар и

VI. Фолклорни традиции

Во самата книга забележливо е дека Герасимов пишувал за целокупниот општествено-историски развој на неговото родно Кочани, притоа истражувајќи и бележејќи ги сите значајни настани и личности.

Зборовите на рецензентот м-р Љупка Стојменова дека оваа книга во иднина ќе претставува појдовна основа за многумина кои ќе се занимаваат со истражувањето на Кочани и Кочанско доволно зборува за нејзиниот квалитет.

Герасимов иако сега ги живее пензионерските денови, неговото пишувачко перо не мирува, напротив кочанските љубители на убаво напишаниот во очекување се на уште многу негови дела преку кои ќе биде претставена историјата на „градот на оризот“.

С. Ивановски

P3960400

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари