Не стивнува уништувањето на заедничките добра. Особено тоа е изразено во доцните ноќни часови кога се и сешто се шета по улиците на Кочани.

Во четвртокот наши сограѓани ја фотографирале урнатата корпа за отпадоци во малиот парк, на левата страна од „Кочанска река“ спроти „Шопинг центарот“, која веќе денес била на своето место онака како и пред да биде урната.

И додека едни се изживуваат бидејќи ниту законите не им можат ништо, други сето тоа будно го следат и бидејќи тоа е во нивна надлежност излегуваат на терен и ја доведуваат состојбата онаква каква што доликува да биде.

Ќе рече ли некој конечно ДОСТА е со ваквите глупости.

С. Ивановски

3334

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари