По долги низа години конечно големите скали или познати како „Скалите на стравот“ на јужниот дел во Градскиот Трговски Центар добија ракофати што е олеснителна околност за минувачите особено во услови кога на скалите има снег, лед или дожд.

За жал по само неколку дена минувачите констатирале низа неправилности на самите ракофати.

Најпрвин плотните во долниот дел на ракофатот се р’ѓосани, швајцуваните споеви се оставени неизмачкани со прва заштитна боја а за бојадисување и да не зборуваме.

Вака направениот ракофат речиси не личи на ништо бидејќи изведувачот не ја завршил работата до крај, а сигурно веќе си ја има наплатено.

Можеби сега откако ќе ги добие информациите ќе се појави на самото место и она што требало пред десетина дена да го заврши, сега ќе го направи.

С. Ивановски

P3960423P3960424

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари