Со игрите на полигон и одигрувањето на натпреварите меѓу четвртите и петтите одделенија, денес во салата на ОУ „Никола Карев“ завршија училишните игри од проектот „Зимски фудбалски радости“.

Ако во првиот ден победник на вторите и третите одделенија стана екипата на „Славчо Стојменски“ од Виница, денес епитетот победник го понесе второто училиште од Виница, „Гоце Делчев“.

Резултати од полуфиналните натпревари:

„Гоце Делчев“ – „Крсте Мисирков“  2:0

„Славчо Стојменски“ – „Никола Карев“  0:0 (1:0 – пенали)

Мало финале: „Крсте Мисирков“ – „Никола Карев“ 0:0 (1:0–пенали)

Финале: „Гоце Делчев“ – „Славчо Стојменски“  1:0

Натпреварите ги организираше УЕФА и Фудбалската Федерација на Македонија со реализација на федерацијата на училишен спорт на Македонија.

С. Ивановски

41

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари