Утринава нешто после 4:00 часот на улицата „Тодосија Паунов“ во непосредна близина на СОУ „Гошо Викентиев“ се случила тешка сообраќајна несреќа.

Според информациите до кои што дојдовме несреќата се случила кога возило марка „KIA sport AG“ движејќи се од Кочани кон Оризари на свиокот во непосредна близина на СОУ „Гошо Викентиев“ од засега непознати причини се превртело.

Во возилото имало пет лица а противпожарната служба интервенирала при извлекувањето на две лица кои биле заглавени во возилото.

Се испитуваат причините за несреќата.

С. Ивановски

72

73

74

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари