На 08.02.2019 година во 12.00 часот во ПС Кочани Љ.Л.(31) од Кочани  вработена во Јавна општинска установа детска градинка на ул.„9 Мај“ во  Кочани пријавила дека истиот околу 08.30 часот, додека била на работа О.Ц.(33) од Кочани упатувал сериозни закани по нејзиниот и животот на останатите вработени и физички ги нападнал.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот.

Во ПС Кочани веднаш е повикан О.Ц. и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

               СВР – Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари