Во петокот, во Детската градинка „Павлина Велјанова“ се случил непријатен настан, по кој директорката на градинката, Едита Миткова побарала средба со градоначалникот Николчо Илијев.

На состанокот со градоначалникот и секретарот на Општината присуствувале директорката и уште пет лица сведоци на настанот, кои изворно информирале за случувањата. Се разговарало за избегнувањето на можностите од слични ситуации и за сите потребни чекори што треба да ги преземе институцијата.

„Како човек и како градоначалник на Кочани, остро го осудувам немилиот настан што се случил во Детската градинка „Павлина Велјанова“. Сметам дека пресметките од ваков вид се лош пример особено за најмладите генерации. Повикувам на трезвеност, мирен и разумен пристап во комуницирањето и во решавањето на проблемите“ порачува градоначалникот Илијев.

Се очекува надлежните служби да го расчистат случајот.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари