Една седмица како девојчињата на ЖФК „Кочани“ под будното око на тренерот Оливер Јовановски се подготвуваат за пролетниот дел од првенството.

Освен во сала, убавото време им овозможи дел од подготовките да ги продолжат и на теренот на стадионот „Никола Мантов“.

„Планираните тренинзи за оваа седмица ги одработивме според однапред направената програма. Ќе продолжиме и следната седмица во исто темпо. Имаме по четири дена тренинзи, од кои едни ги спроведуваме во салата на ОУ „Никола Карев“ а другите благодарение на убавото време на теренот на стадионот. Доколку се биде во најдобар ред планираме од следниот понеделник да започнеме и со одигрувањето на неколку натпревари со цел девојчињата да ја осетат топката и да спремни го дочекаме стартот на пролетниот дел од сезоната. Освен 4- 5 девојчиња од младинскиот погон во пролетниот дел ќе сметаме и на услугите на Симона Веселинова која во овој преоден рок и пристапи на нашата екипа“ рече Оливер Јовановски по завршувањето на денешниот тренинг.

Да потсетиме само дека ЖФК „Кочани“ есенскиот дел од првенството го заврши на 13-тото место со 11 освоени бода и гол разлика 35:54 што и не е лош резултат доколку се знае дека во составот играат осум млади и неискусни играчи.

С. Ивановски

82

84

88

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари