Пред тринаесет години (10.02.2006 година) политичката партија НСДП формираше свој огранок во Кочани.

По тој повод Претседателот на партијата Тито Петковски во друштво на носителот на пратеничката листа на НСДП во 2006 година за парламентарните избори го посетија Кочани и со членовите на партијата беа на дружење со населението во Градскиот Трговски Центар.

На покана на Претседателот на огранокот во Кочани беше Благој Пенов се одржа состанок во просториите на партијата на улицата „Браќа Ставреви“ на кој беше разговарано и за начинот на водење на кампањата во пресрет ма претстојните Парламентарни избори.

Освен Пенов на состанокот присуствуваа и Благој Зашов, Сашко Стефановски (кој подоцна стана и секретар на огранокот), Јордан Тренчев, Билјана Богдановска и Претседателот на партијата Тито Петковски.

На новинарско прашање колку пратеника со оглед на високиот рејтинг очекуваат да имаат во Собранието на Република Македонија Тито Петковски одговори: Се адевам дека по завршувањето на изборите ќе имаме онолку наши пратеници колку што ќе биде доволно без нас да нема да може да се формира Влада. Длабоко сум убеден дека овој парламент ќе биде најшаренолик од сите досегашни“.

С. Ивановски

KAMPANJA-002

NSDP-009

P1880008

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари