ДЕН  КОГА  ВО  КОЧАНИ  ГОСТУВАШЕ  ТИМ  ОД  ГОЛЕМАТА  ФУДБАЛСКА  ЧЕТВОРКА

Во сега далечната 2000-та година (10.02.2000 година) љубителите на фудбалот во Кочани ја имаа таа привилегија да присуствуваат на меѓународен пријателски натпревар помеѓу домаќинот „Осогово“ и една од екипите на големата Југословенска фудбалска четворка „Партизан“ од Белград.

Натпреварот по студено време го следеа околу 3.500 гледачи а фудбалската правда ја делеше Неделковски од Скопје. Победија гостите од Белград со 3:2 (3:1) а стрелци на головите беа: 0:1 – Илиев (4’), 0:2 – Савиќ (18’), 1:2 (Стојановски 19’), 1:3 – Делибашиќ (21’), 2-3 – Герасимов (57’).

„Осогово“ – В.Јанев, Трајанов, Манов, Јовановски, Јованов, Гичев, Милосовски, Илиевски, Ѓорѓиев, Соколов, Стојановски. Во второто полувреме настапија: Данев, Милошевски, Јорданов, С.Јанев, Герасимов, Атанасов, Стојанов, Начевски, Темелков, Тодоров, Арсов.

„Партизан“ – Пантиќ, Рашовиќ, Савиќ, Вуковиќ, Арнаут, Герасимовски, Илиев, Ранковиќ, Делибашиќ, Петковиќ, Петровиќ.

Уште играа: Станковиќ, Боевиќ, Стојковиќ.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари