Добро разработената тактика од поединец или група на луѓе (доколку го заслужуваат тој епитет) која масовна почна да се случува во последните 4-5 месеци не може да се оквалификува како случајност, тоа е веќе е намера.

Не е можно во градот во кој досега на неколку години ќе се случеше некој ваков гаф сега да почне да биде секојдневна појава.

Македонското знаме фрлено во коритото на Кочанска река, на двапати запалениот контејнер од пластика, расфрлувањето на  ѓубре каде ќе се стигне и создавање на нови депонии, фрлени контејнери по улиците и во коритото на Кочанска река, а сега и ова што денес беше забележано во фонтаната на Градскиот Трговски Центар само ја потврдува тезата дека ништо не е случајно.

Кој што и да каже, да ги критикува или оправдува овие појави не „носат вода“ бидејќи ова е веќе намера и ништо повеќе.

Да, денес под фонтаната која кочанчани баснословно ги чинеше е ставен а никако фрлен работен стол со цел кај некого непотребно да се бара вината.

Убаво наместениот стол денес беше една од најгрдите слики во самиот Трговски Центар, која не беше добра не само за самите граѓани, туку и за оние кои од страна беа дојдени во Кочани.

Ова лудило, да лудило,  што се случува во последно време мора да прекине, бидејќи градот не е ниту на поединец, ниту на групи, градот е на сите што живеат во него и секој треба да биде домаќин кон него.

Време е некој да го фати сторителот, и не со иницијали туку со полно име и презиме да го каже пред кочанчани за да тие бидат оние кои ќе го дадат коментарот кон него, или кон нив.

Вака Кочани не се сака, вака Кочани се мрази.

С. Ивановски

P3960438

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари