Заедницата на единиците на локална самоуправа на Македонија дава целосна поддршка за активностите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Кочани, особено што таа е меѓу поактивните во државата и веќе има реализирано поголем број мерки за родовата еднаквост.

Таков е заклучокот од денешната средба на директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ со градоначалникот Николчо Илијев и со членовите на Комисијата, при што беше речено дека ќе продолжи помошта во поглед на работењето и остварување на главните цели.

„Локалната власт постојано треба да докажува дека може и мора да одигра позитивна улога во промовирањето еднаквост на практични начини кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните и да се постигне еднаквост во пракса, како клуч за економски и социјален успех“, истакна Татјана Лазарова Осоговска, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

На седницата, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите донесе одлука за помош со опрема на женската екипа на Кошаркарски клуб „Баскет Дино“ од Кочани, кој од годинава се натпреварува во државниот лига-систем.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари