КЈП „Водовод“ и официјално започна со миењето на улиците во градот.

Изминатиот период тема број еден не само во општината туку и во целата држава стана загадениот воздух што го дишат жителите на населените места, појава која до сега „ја немаше“.

За да иронијата биде поголема сето тоа стана пресметка на партиски раскусурувања од типот кој ја измислил топлата вода.

Разните испитувања што беа спроведени во изминатиот период како еден од најголемите фактори за загадувањето го посочија кон прашината.

Поучени од други општини дека миењето на улиците даде некои позитивни показатели, еве и КЈП „Водовод“ се приклучи и иако имаат само едно возило колку толку почнаа со миењето на улиците.

Дали ваквата превземена мерка ќе ги даде посакуваните резултати и ќе ја намали загаденоста на воздухот мерните станици ќе покажат, а до тогаш ќе мора сите да се стрпиме.

С. Ивановски

89

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари