По повод настанот што се случи во пресрет на викендот а за кој и ние како медиум пишувавме со реакција се јавија вработените од ДГ „павлина Велјанова“ – објект „Бамби“ која Ви ја пренесуваме во целост.

Реакција на вработени од детска градинка „Павлина Велјанова“ во врска со настанот што се случи на 8.2.2019 година, во објектот „Бамби“.

Почитувани,

Сакаме да й се обратиме на јавноста, во врска со дезинформациите што се појавија со немилиот настан што се случи на 8.2.2019 година, во објектот „Бамби“ на детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани.

Згрозени сме што како воспитен кадар, во институција што се грижи за деца, бевме мета на реакција за која нема оправдување.

Загрижени сме што настанот беше искористен од некои средства за информирање, за вклученост и на градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев. Одговорно тврдиме дека ние побаравме и добивме термин за средба со него, на која го информиравме за немилиот настан. Од него добивме целосна поддршка за расчистување на овој случај. Сите други информации со кои тој се инволвира во настанот се невистини за кои се одговара.

Со почит,

Вработени во Детската градинка „Павлина Велјанова“, сведоци на настанот.

  1. Едита Миткова – директор
  2. Ленче Атанасова – воспитувач
  3. Емилија Ѓорѓиева – психолог
  4. Сања Стоилкова – педагог
  5. Љубица Лефков – правник

88

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари