Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ф.К.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 07.12.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на улица „Стамен Манов“ во Кочани, при што пронашле и одзеле 1519 парчиња различни видови на пиротехнички средства.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари