Општина Кочани упати јавен повик до здруженијата, сојузите, клубовите и физичките лица корисници на средства од програмите за спорт и култура за 2018 година.

Минатогодишните корисници од програмите за спорт и култура се должни за потрошените средства да достават извештај со неколку задолжителни делови.

Во наративниот дел за корисниците на пари од Програмата за спорт е потребно да се опишат реализираните активности – учества во општински, регионални и национални лиги, државни и меѓународни турнири; остварените спортски резултати; бројот на членови во клубот и сл.

Финансискиот дел се состои од детален приказ за потрошени средства поткрепен со документација.

Извештај за потрешените средства треба да достават и физичките лица и здруженијата коишто користеле средства од Програмата за култура.

Обрасците со потребните податоци се објавени на веб-страницата на Општина Кочани, а отпечатени примероци можат да се земат и од Едношалтерската канцеларија.

Извештајот може да се достави до Едношалтерската канцеларија најдоцна до 22 февруари 2019 година или на е-адресата на Општина Кочани: info@kocani.gov.mk.

Поднесениот извештај на корисниците на општинските буџетски средства е услов за користење на средства од програмите за спорт и за култура за 2019 година.

Во 2018 година од овие програми беа наменети 2 милиона и 900 илјади денари за активности на здруженија, спортски клубови и сојузи.

Општина Кочани

DSC_0072 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари