За време на филмскиот фестивал во Берлин наградата „Ѕвезда во подем“, награда која им се доделува на повеќемина млади актери од Европа се најде во рацете на Македонскиот актер Благој Веселинов за улогата во филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески.

Самата свечена церемонија се одржа во салата „Берлин палас“ под покровителство на „Европска филмска промоција“, а наградите на младите актери им ги врачија членовите на годинешната жири комисија Теона Стругар Митевска и актерот од Исланд Ингвар Сигурдсон.

Освен Веселинов наградата „Европски ѕвезди во подем“ им беше доделена на уште четири актери и пет актерки.

Инаку Благој Веселинов е третиот Македонски актер кој беше промовиран како актерска ѕвезда. Пред него таа чест ја имаа Лабина Митевска (2008 година) и Наташа Петровиќ (2011 година).

Фотографии  sdk.mk

С. Ивановски

Veselinov-Berlinale

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари