Врз основа на донесената одлука на Управниот Одбор на ОФС Кочани, а согласно Статутот на ОФС Кочани, вечерва во Ресторан „Амор“ се одржа Редовното Генерално Собрание на ОФС Кочани.

По поздравниот говор на претставникот, односно членот на УО на ФФМ  Лазар Ракиџиев Собранието почна да работи според однапред утврдениот Дневен ред.

Беа избрани работните тела; за записничар беше избран Миќи Горгиев,  за оверувачи на записникот Митко Бојаџиев и Крсте Крстев а како членови на Верификационата комисија беа избрани: Сашко Анѓелов – Претседател, Звонко Георгиевски и Шезаил Рашидов за членови.

Освен усвоениот Дневен ред, на Собранието беше усвоен и Записникот од претходното Собрание, беше усвоена измената на Статутот на ОФС Кочани во член 27 како и буџетот за наредната година (2019 година). За усвојување на Завршната сметка сите присутни делегати гласаа „воздржано“.

Душко Петровски, Ацо Николов и Јоже Јефтимов беа верификувани како членови на Собранието а Зоран Јангеловски беше кооптиран на местото на Тони Анастасовски кој се наоѓа веќе подолг период надвор од државата.

На Собранието присуствуваа 21 делегат со право на глас.

Според зборовите на претставниците на ФФМ Собранието поминало во најдобар ред.

С. Ивановски

DSCN8836

DSCN8828

DSCN8829

DSCN8830

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари