Во организација на ПСК „Челични“ од Штип и Агенцијата „Скала Травел“ од Струмица и годинава како и претходните години во периодот од 03до 09 Јули 2019 година се организира Летниот „Александра камп “ во Кавала (Грција).

Кампот е седумдневен (6 полни пансиони), а во понудата влегуваат секакви игри и забави за децата.

Зошто токму „Александра камп“?

  1. Денот е исполнет со физички активности
  2. Развивање на самодоверба кај детето
  3. Ослободување од стравови
  4. Оттргнување од сите социјални мрежи
  5. Развивање вештини кои му се потребни за целиот живот
  6. Осамостојување
  7. Безгрижни игри опуштеност со секојдневни активности
  8. Дружење со деца од целиот Балкан
  9. Рекреација и поврзување со природата далеку од урбаните градови
  10. Стекнување пријатели за целиот живот

„Другарчиња наши, кампери и камперки. Сите оние кои до сега беа дел од Александра кампот секако и сите оние кои допрва ќе ни го надополнат нашиот камперски тим со задоволство ви најавуваме дека Летниот камп е веќе отворен за пријавување. Оваа година ви ветуваме уште повеќе забавни денови исполнети со милион активности, нови авантури и најубави спомени кои ќе ви го одбележат летниот распуст. Возење на банана, фудбал, кошарка, одбојка на плажа, забава на базен, пејнтбол, стрелање со лак, качување по карпи, возење кајак, се само дел од активностите кои можете да ги доживеете само со нас. Неколку причини зошто е добро да го посетите кампот:

– Прво и можеби најважното нешто СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА. Во денешно време каде преовладува технологијата, децата многу често поминуваат време забавувајќи се на своите таблети, наместо на забава со другарчињата;

– Физичка активност. Камповите нудат низа на вежби, било тоа да се пливање или вежби на плажа. Вежбите го активираат кардиоваскуларниот систем и е од бенифит за здравјето на срцето и белите дробови;

– Камповите предвидуваат поминување на повеќе време на сонце, а тоа значи екстра витамин Д;

– Камповите не прават ПОСРЕЌНИ.

Така е, сите рекреациони активности и дружења го подобруваат расположението. Се тоа поради серотонин, неверојатниот хормон кој телото го произведува за да не направи среќни“ Вашите: Димитар Дамески, Мирко Јакимовски и Методи Петров.

За здравјето на децата се грижи дежурен лекар 24/7.

Пријавувањето е најдоцна до 01.05.2019 година.

Цената изнесува 12.950,00 денари по лице, а истата може да плати во 5-рати почнувајќи од месец Февруари.

Контакт: проф. Димитар Дамески (Виница и Кочани) 075-471-521

888

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари