Поезијата и универзумот се во многу нешта слични, бесконечни, безвременски, универзални, мистични и убави. Самиот процес на пишување, е создавање нови паралелни светови во кои се проектираме и егзистираме кога овој свет што го имаме не е доволен, велат младите поети кои викендов беа гости во рамките на поетската вечер која ја организираше Комисијата за настани и манифестации во општина Виница во соработка со Домот на културата “Тошо Арсов“ и Музејот “Теракота“.

Виничани имаа ретка можност за првпат да уживаат во поезијата на најдобриот современ македонски поет и преведувач, Никола Маџиров, кој зад себе има бројни национални и меѓународни награди, и поезија која е објавена во над педесетина земји во светот, во Европа, Сад, Азија, Африка, Латинска Америка и во Австралија, преведена на 41 светски јазик, меѓу кои и на: персиски, јапонски, хебрејски, шпански, галициски, каталонски, келтски, хрватски. Пишува за времето кое нè одминува, историјата на која грчевито ѝ се навраќаме како некоја хронична кашлица, љубовта која тлее, воскреснува, скапува или испарува. Пишува за навидум неважни, а толку суштинско важни нешта. Со неговата поезија се отвара сосема нова димензија на мајчиниот јазик.

Поетесата Слагана Бојановска од Блатец, благовремено во Виница ги промовираше своите авторски дела “Керубин во крчмата“ и “ Луѓе во вакуум“, беше дел од оваа поетска вечер. Координатор е на повеќе поетски читања и креативни работилници во Македонија. Пишува поезија, поезија во проза и кратки раскази., а дел од нејзината проза прочита и нашиот млад поет Марко Манасиев, кој веќе ја објави првата стихозбирка поезија на англиски јазик.

Книжевноста му е како „љубовница“ со која има повремени афери. Тој вели дека воопшто и не е поет, туку дека пишува само кога не може да не пишува. Не е објавуван никаде, и спаѓа во феноменот на втората деценија на 21 век, таканаречени „фејсбук“ поети. Денес се бави со писмен и симултан превод на технички, стручни теми од и на англиски , хрватски, српски. За првпат гостин во Виница ббеше и Лазар Попов. Од најмладата поетска генерација, која носи нова енергија, луцидна, храбра и хируршки прецизна, стихови пренесоа Катерина Гогова, чија дебитантска книга поезија „Актите се кастрирани“излезе минатата година, како и младиот поет Митко Апостолов,добитник на наградата, ,Антологија на болката,, на Рациновите средби за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка, за книгата „Тело одречено од пливање“,

Се на се, убава поетска вечер која ги разбуди емоциите кај многумина од нас кои со задоволство ја проследија истата.

Општина Виница

52486611_419489052121053_6452561415_419489158787709_3852867333_419489092121049_57

52360929_419489128787712_3230900817842143232_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари