Во должина од 5.500 метри и висинска разлика од 1.030 метри, трчање низ карпест предел, букова шума и 1,5 км. тврд снег, беше предизвик за 50-на маратонци од Македонија, Бугарија и Белгија, кои од центарот на Блатец ја трчаа новата спортска трка „Чупино Вертикал“.

Стартот беше од центарот на Блатец од 720 метри н.в. каде претходно со сите неопходни подготовки се загреваа учесниците за совладување на теренот којшто ги очекуваше.

До 1.725 метри на „Чупино Брдо“ на планината Плачовица прв стигна Александар Стојкоски од Прилеп, кој по завршувањето на трката изјави: „Првпат доаѓам овде, конкуренцијата е добра, но јас трчам мое време, 50 –на минути ми се потребни за да истрчам 5 км со 1.000 метри висинска разлика. Подготовките се постојани и секојдневни, но мора да се одмориш пред трката. Редовно трчам на сите маратони. Домаќините одлично го организираа настанот, и им посакувам така да продолжат и понатаму“.

Меѓу највозрасните учесници беше и 66-годишниот Благоја Ацковски кој по вторпат е учесник, откако во летниот период беше дел од „Чупино Треил“.

„Постојано трчам маратони, и до 40-50 км. На трката летово бев шести. Инаку редовно трчам двапати до трипати неделно, практикувам чиста и здрава храна, иако имам толку години, физички можат да ми позавидат и деца од 20 години. Секогаш влегувам во првите 10 % од вкупниот број на учесници. Во Белград на маратонот бев 54-ти од 500 учесници. Во категорија ветерани секогаш сум прво, второ или трето место“ рече Ацковски.

По него втор беше Марјан Бонев а трет Мајкл Ван Белен од Белгија. Во женска конкуренција најбрзи до врвот беа : Мери Мирчевска, Сања Најдовски и Емилија Христова од Бугарија.

„Чупино вертикал“, викендов ја испиша и втората страница од „Чупино треил“, после големата трка во септември минатата година.

Одличен организатор на зимската стрма трка од Блатец до врвот Чупино беше Здружението на планински спортови од Виница.

Општина Виница

56

57

58

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари