Комисијата за доделување на стипендијата на спортист-спортска надеж на Кочани донесе одлука, Стојан Анастасов, член на Клубот за гимнастички спортови „Кочани“ да биде корисник на финансиската поддршка од Општина Кочани за остварени спортски резултати во 2018 година.

Гимнастичарот Анастасов, според бодовите е прв на ранг-листата од тројцата пријавени кандидати за спортската стипендија.

Во 2018 година Анастасов има освоено повеќе значајни резултати на национални гимнастички натпревари.

Стипендијата се доделува за период од шест месеци во тековната година, со месечен износ од 3 илјади денари. Според Правилникот за стипендијата, нејзината исплата треба да почне од април, а да трае заклучно со септември. Средствата ќе бидат издвоени од Програмата за спорт на Општина Кочани, за стимулирање на млади спортисти.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари