На 18.02.2019 година околу 20.15 часот во ПС Кочани М.А. (28) од Кочани пријавил дека на улица „Др. Николиќ“ во Кочани бил физички нападнат од страна на Д.Р. (42) од Кочани. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.02.2019 година во 15.40 во ПС Кочани З.Х.(42) од Оризари, кочанско пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот настанал пожар во близина на нива негова сопственост со кој била зафатена и мала просторија негова сопственост на место викано „Сланец“ атар на населбата Оризари, истата во која имало алат и покуќнина целосно изгорела. Увид извршила екипа од ПС Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени СВР – Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари