В среда, на 27 февруари од 10:30 до 13:30 ч. во ресторанот „Амор“ во Кочани, Делегацијата на Европската Унија организира работилница за финансиска поддршка што ја овозможува ЕУ.

Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка, ќе ги претстави можностите за финансирање што ги нуди Европската Унија и начините како тие да се користат.

Работилницата предвидува и работа во групи. Заинтересираните за учество можат да се пријават онлајн на http://www.euic.mk/eurabotilnici или телефонски на бесплатниот

телефонски број 0800 88888.

Бројот на учесници на работилницата е ограничен.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари