Раздвижено беше денес пред централната обложувалница на „Sport life“ во Градскиот Трговски Центар во Кочани.

Причината едноставна, требаше свечено да бидат врачени клучевите од возилото „Peugeot 308“, а тоа му припадна на Александар Трендафилов од Кочани откако стана првиот Тепстер шампион  во Македонија.

Трендафилов освои најголем број на поени во „Типстер Куп“, игра што за прв пат годинава ја организира  „Sport life“ и е добитник на едно од двете возила кои се наменети за играчите во  обложувалница  „Sport life“. Второто возило ќе биде доделено во летниот период на оваа година.

Во чест на добитникот, обложувалницата  „Sport life“ за денеска на сите играчи им приреди вистинско изненадување. За секој уплатен тикет во висина од 100,00 денари играчот добиваше бесплатна грепка. На сите им се посреќи па си добијат запалка, пенкало, капа, маица, ваучер. Сите што добија грепка беа и добитници бидејќи сите грепки беа добитни.

С. Ивановски

33

34

DSCN9188

DSCN9190DSCN9196

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари