Иако пред две кола обезбедија пласман во бараж натпреварот за влегување во Пингпонгарската Супер Лига, пингпонгарите на „Кочани“ со ист интензитет ги продолжуваат натпреварите.

Денес во рамките на 13-тото и 14-тото коло забележаа уште две победи со што ја потврдија добрата игра во годинешното првенство.

Најпрвин ја совладаа екипата на „Борец“ од Велес со 4:1 а потоа и службено ги добија бодовите бидејќи екипата на „Струга“ не допатува на натпреварот.

До крајот на првенството останува уште да го одиграат натпреварот против „Плачковица“ во Радовиш, екипа од која го претрпеа единствениот пораз во досегашниот дел од првенството.

Според моменталните табели скоро сигурно е дека ППК „Кочани“ во бараж натпреварот за „Супер лига“ ќе игра против екипата на УГД „Гоце Делчев“ од Штип.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари