Македонска Каменица беше втората дестинација на одигрувањето на кошаркарскиот турнир „Баскет 4 Кидс“ што го организира „Спорт Клуб.

На турнирот учествуваа шест екипи кои беа поделени во две групи.

„Баскет Дино“ (Кочани), „ОГД Студент“ (Штип) и „Пинк Пантер“ (Куманово ја сочинуваа едната група, а додека во другата беа екипите на „Баскет Кам“ (Македонска Ламеница), „Вардар“ (Скопје) и „Куманово“ од истоимениот град.

Кошаркарите на „Баскет Дино“ по победите над „УГД Студент“ и „Пинк Пантер“ заслужено го освоија првото место за да во финалето бидат поразени од првакот од другата група, кошаркарите на „Вардар“.

И освоеното второ место претставува успех за кочанчани бидејќи според информациите до кои дојдовме првопласираниот „Вардар“ беше несомнено најдобрата екипа на турнирот.

По Скопје и Македонска Каменица турнирот ќе финишира во Кавадарци.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари