Во конкуренција на 363 компании од земјите на Централна и Југоисточна Европа, Компанијата „ИНТ“ од Кочани ја доби наградата за претприемништво за 2018 година.

Со ова Компанијата „ИНТ“ од Кочани влезе во семејството на успешните компании од Хрватска, Словенија, Србија, Германија, Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија кои го имаат добиено ова престижно признание.

Инаку, оваа награда се доделува во рамките на проектот „Самит на претприемачи“ „300 најдобри“ и „Креатори на векот“, а одлука признанието годинава да и биде доделено на Компанијата „ИНТ“ од Кочани ја донел Меѓународен комитет составен од 13 експерти за економија, маркетинг, трговија, менаџмент, финансии и претприемништво од осум држави во регионот.

„Денес добивме известување дека нашата компанија е добитник на ова престижно признание што ќе ни биде врачено на Регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа, а чиј домаќин од 21-24 Март ќе биде хрватскиот град Дубровник. За нас тоа е посебна чест, особено што се вбројуваме меѓу најдобрите фирми во овој дел од европскиот континет, а ќе претставува дополнителен мотив да продолжиме со истот темпо“ рече Николчо Илијев, основач на „ИНТ“.

Текстилната компанија „ИНТ“ е основана пред 20 години, во истата работат повеќе од 100 работници а неколку години по ред „ИНТ“ се вбројува меѓу најуспешните 200 компании во Република Македонија.

Инаку досегашни добитници на наградата „Креатори на векот“ од Македонија се Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на винаријата „Тиквеш“, Трајче Мукаетов (постхумно) и Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор на компанијата „Алкалоид“.

С. Ивановски

P3610040

P1450391

 

INT--Gebaeude

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари