За време на викендот Лесковац (Република Србија) беше домаќин на Меѓународниот карате турнир „Ипон Куп“ кој го организираше локалниот карате клуб „Ипон“ и Карате Федерацијата на Србија.

На турнирот годинава учествуваа 680 натпреварувачи од 38 клубови од Македонија, Црна Гора, Бугарија и Србија меѓу кои и 35 натпреварувачи од Карате клуб „Партизан“ од Кочани.

Каратистите од Кочани имаа свои настапи во борби и кати и освоија вкупно 19 медали, од кои 5 златни 2 сребрени и 12 бронзени.

Во категоријата „борби“ се освоени 12 медали од кои 5 златни, 1 сребрен и 6 бронзени медали, а во категоријата „кати“ 7 медали од кои 1 сребрен и 6 бронзени.

Во месец Март Карате клубот „Партизан“ ќе учествува уште на три големи меѓународни турнири. Најпвин го пријавија своето учество на турнирот „Фунакоши Гичин“ во Скопје, ја прифатија поканата за учество на турнирот „Никон Куп“ во Софија (Бугарија) како и на „Шотокан Куп“ во Власотинце (Србија).

С. Ивановски

7273

7475

7678

77

79

 

3452857223_324731191720499_56

 

80

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари