Еден златен, два сребрени и пет бронзени медали е билансот на џудистите на ЏК „Гладијатор“ од Кочани на „Државното првенство за сениори и пионери“ кое во организација на ЏК „Ипон“ и ЏК „Супер џудо“ се одржа за време на викендот.

На првенството кочанчани учествуваа со 16 натпреварувачи и освоените осум медали од кои 1 златен, 2 сребрени и 5 бронзени се навистина резултат за почит.

Златниот медал го освои Ева Димитрова, сребрените ги освоија Стефанија Павлова и Станислав Грпов а додека бронзените се најдоа на градите на Андреа Минова, Дијана Илиева, Михаела Ристова, Љубица Наунова и Филип Манасиев.

„Добро стартувавме оваа година. Освоените медали се плод на една систематска работа која ќе ја надградуваме во следниот период.  Мене како тренер посебно ме радува податокот што децата имаат желба да напредуваат. Тоа го покажуваат на тренинзите, но и за време на натпреварите. Одиме понатака и се надеваме на уште подобри резултати“ рече Драган Шеќероски тренер на ЏК „Гладијатор“.

С. Ивановски

3132

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари