Ова веќе не е случајно. Не сакаме да веруваме но по она што и вечерва се случуваше во Кочанското поле ни доваѓа дека ова е намерно направено.

Вечерашните фотографии што ни ги испрати еден наш сограѓанин укажуваат на едно, колку и да зборуваме, колку и да пишуваме за постојаното палење на стрништата се е залудно.

Некој треба да има барем малку совест за да го разбере она што е кажано или напишано.

Кочанското поле вечерва гореше, а „благодарение“ на ветерот огнот беше се поголем и зафаќаше се поголема површина па во еден момент беа доведени во прашање и викенд куќите што се најдоа во непосредна близина.

За да сето тоа се спаси мораше да интервенира и територијалната противпожарна единица која со 3 возила со 4 пожарникари и со дел од сопствениците на викенд куќите го гаснеа големиот оган.

Не сакаме да помислиме што ќе се случеше доколку пожарникарите на време не пристигнаа, но сакаме да напишеме дека конечно дојде време да се воведат мерки со казнување. Овој пат нема да повикуваме казните да бидат во вид на забрана за доделување на субвенции кон пироманите, бидејќи веќе се спремни да реагираат со коментари Претседателите на неколкуте земјоделски синдикати.

На сепак, без разлика на се еден апел до доживот „избраните“ Претседатели на земјоделските синдикати: за да не бидеме погрешно сфатени од она што постојано го пишуваме нека почнат тие да ги едуцираат земјоделците, ако не на друг начин барем на сличен, каков што го правеа со организирани собири во изминатата деценија.

С. Ивановски

99

99

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари