Клеменс Која, Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, денес ја оствари првата официјална посета на Виница, и оствари средба со градоначалникот Ивица Димитров.

Неколкучасовниот престој се фокусираше на неколку различни локации со информирање на амбасадорот околу неколку клучни сегменти кои се битни во развојот на општината.

Средбата во кабинетот на градоначалникот Димитров ги начна актуелните прашања околу безбедноста во сообраќајот и надминување на неколку клучни препреки во тој дел, на што активно работи Советот за безбедност во општината. Директорката на ОУ „Гоце Делчев“ Маре Јованова ги презентираше потенцијалите на училиштето, но укажа и на потребата од итна реконструкција на училишната сала и преадаптација на неколку училници заради воведување на едносменско работење, а дел од проектите и лично му ги предаде на амбасадорот Клеменс.

Машинската и текстилната работилница, како и новите моменти од работењето на директорот Тихомир Тасев во СОУ “Ванчо Прќе“ беа дел од агендата на амбсадорот кој првата посета на Виница ја заокружи со запознавање и на прозиводството во компанијата СБВ “Ромеро“.

Општина Виница

DSCN9298

DSC_2114

DSC_2124

DSC_2166

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари