На објавениот оглас од Судиската организација при ОФС Кочани за потреба од нови фудбалски судии се јавија пет нови судии од кои три машки и две девојчиња.

Вечерва во ОФС Кочани тие ги поднесоа барањата за членување во судиската организација а и ги потполнија прашалниците.

Како што не информираше Претседателот на Судиската организација Драганчо Димитровски во следната седмица тие ќе имаат предавања од страна на лица од Судиската организација при ФФМ а потоа ќе ги полагаат тестовите.

Со најавениот почеток на Детската лига се утврдија недостатоци на судии па новите членови ќе имаат можност тој недостаток да го надополнат.

С. Ивановски

DSCN9338

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари