На ден 01.03.2019 год. во училиштето СОУ„Љупчо Сантов“ се одржа родителска средба со родителите на учениците кои ќе учествуваат во наредната активност на Erasmus+ програмата, односно проектот  „Доживотна математика“.

Во периодот од 04 – 09.03.2019 е предвиден транснационален настан во градот Алесандрија во Република Романија.

Во рамките на овој настан се предвидени активности кои вклучуваат:

-Математичка Олимпијада

-Математичко моделирање

-Работни состаноци на наставниците од средните училишта – проектни партнери

Проектниот тим од училиштето составен од  6 професори и 8 ученици изјави дека се надева на најдобар можен начин да  ги реализира планираните активности и воедно да оствари соработка со останатите проектни партнери како и  размена на практики кои во иднина ќе ги имплементираат во образовниот процес на училиштето.

УМКА

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари