Третолигашите од Кочани и Виница одиграа контролни натпревари со цел што поспремни да ги дочекаат натпреварите од пролетниот дел на Трета Лига – Исток. Противници им беа двата второлигашки клуба од Радовиш.

Во Кочани „Осогово“ му беше домаќин на „Детонит“. По сончево но ветровито време поуспешен беше гостинот и заслужено славеше со 2:1 (1:1).

Домаќините поведоа во петнаесеттата минута а само пет минути подоцна гостите го израмнија резултатот и со 1:1 се замина на одмор. Во второто полувреме второлигашот од Радовиш успеа да постигне уште еден погодок и да дојде до победата.

Во Виница „Слога 1934“ загуби од Плачковица со 1:3 (1:2).

До почетокот на првенството кое никој не знае точно кога ќе започне и „Осогово“ и „Слога 1934“ планираат уште по некоја контролна средба.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари