И после 18 години од смртта на капетан Кирчо Димитриов, кој загина во воениот конфликт 2001 во близина на Танушевци, не  стивнуваат емоциите во кои се испреплетува доза на огорченост и револт од неправедната смрт на 75 припадници на безбедносните сили на РМ, конфликт кој беше почеток на едно ново историско сценарио за нашата држава.

Виница гордо и достоинствено цели 18 години го одбележува овој датум со сите почести кои ги заслужува еден херој како капетан Кирчо.

Панихида, рецитали, резиме со историски поуки, беше содржината во рамките на денешното чествување кое беше удостоено и со претставници од Владата, како и со претставници од сите организации и институции во општината.

Свое обраќање пред присутните имаа градоначалникот Ивица Димитров и претседателот на општинската организација на резервни офицери д-р Гоце Георгиев.

Општина Виница

92

93

95

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари