На 04.03.2019 во 13.45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, на клучката кај село Кадрифаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Фиат Дукато“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(64) од Кочани и патничко возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(66) од Скопје.

Во незгодата возачот на возилото „Пежо“ се здобил со тешки телесни повреди,  а сопатничката од истото возило М.И.Х.Д.(66) се здобила со телесни повреди. Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари