Заврши реконструкцијата на тоалетите на вториот кат во ОУ „Крсте Мисирков“ во Оризари. Старата водоводна и канализациската инсталација е сменета и се поставени нови санитарни елементи, врати и прозорци и ново осветлување.

Директорката Соња Иванова, истакнува дека е решен еден значаен проблем во училиштето.

„Санитарните јазли не беа менувани од 1976 година, кога е изграден новиот дел на оваа зграда. Со средства од Министерството за образовение, продолжуваат работите и на првиот кат, кои очекуваме да бидат завршени најдоцна за еден месец“ соопшти Иванова.

На адаптација на тоалетите се работи и во ОУ „Никола Карев“. Изведувачот „Техноинженеринг“ од Радовиш, изведе комплет нова водоводна инсталација, замена на вратите и плочките со нови и изврши санација на таваните на тоалетите на првиот кат.

Одговорните на училиштата истакнуваат дека долгогодишната дотраеност на канализациските и водоводните одводи предизвикала оштетувања на фасадата на училишните објекти. ОУ „Крсте Мисирков“ веќе има подготвено проект за енергетски ефикасна фасада, за што ќе бара фондови и средства за негова реализација.

Општина Кочани

DSC_0044 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари