На 06.03.2019 во 11.40 часот во Полициска станица Кочани, од Медицински центар Кочани било пријавено дека кај нив бил донесен П.М. (50) од Валандово кој се здобил со повреди при изведување на градежни работи на пречистителна станица во село Мојанци.  Увид извршила екипа на ПС Кочани.

На 06.03 2019 во 13.15 часот во Полициска станица Кочани било пријавено дека во медицински центар Кочани бил донесен А.А. (19) од Кочани кој се здобил со тешки телесни повреди на работно место во фирма во Кочани.  А.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од Полициска станица Кочани.

На 06.03.2019 во 13.05 часот во Полициска станица Кочани. Од медицински центар Кочани било пријавено дека кај нив бил донесен Л.М. (20) од Кочани кој при работа во фирма во Кочани се здобил со телесни повреди. Увид извршила екипа на ПС Кочани

ИЗВОР:  Дневни билтени СВР Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари