Во организација на Музејот „Теракота“ од Виница, во изложбениот салон на дом на културата „Тошо Арсов“ во Виница, свечено беше отворена изложбата „Благослов“ – филиграни од срма од авторот Биљана Анакиева од Виница.

Претставува прва нејзина самостојна изложба на која таа се претстави со 40-тина дела, изработени во периодот на 2018 – 2019 год. Многубројната публика имаше можност да се запознае со нејзините филиграни од срма коишто се инспирирани најмногу од македонската традиција и убавите нешта кои не опкружуваат.

„ Филигранот е страст, совршенство, перфектна убавина, љубов…создаден од уметник со посебна душа. За овој редок занает вели дека не е тежок, но е спор и бара многу посветеност и трпение, но пред се љубов затоа што оваа работа не може да се работи без љубов… дамата која ја оживува секојдневно вековната традиција- Биљана Анакиева“ во ликовниот осврт истакна виш кустос Стојанова Благица од музејот Теракота – Виница.

Изложбата беше организирана по повод меѓународниот ден на жената 8 март.

Вистинскиот избор по тој повод беше Биљана Анакиева која претставува успешен пример за жена од нашето поблиско опкружување. Со нејзината трудољубивост и ангажман таа докажа дека истовремено може да се биде и успешен професионалец како технички раководител и организатор на работата во фирмата „Монд – спорт“ а исто така подеднаково успешна и во нејзиниот приватен живот. Биљана со нејзините дела кои ги работи од хоби, вечерта на 6 март успеа да ни пренесе многу љубов, позитивна енергија и беше вистински „Благослов“ за сите присутни.

Прекрасната вечер беше комплетна со одлично изведените музички композиции на пијано од Мила Николова ученичка во втора година во СОУ „ Ванчо Прке“ и Михаил Анакиев ученик во шесто одделение во ОУ „ Гоце Делчев“ – Виница.

Изложбата има продажен карактер и ќе биде отворена до 15 март 2019 год.

Дизајн на плакт и покана: Маријана Иванова.
Фото: Македонка Мирева.

2223

25

26

27

24

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари