Полициска станица – Кочани во соработка со Општина Кочани денес по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената им подаруваа цвеќе на жените – учеснички во сообраќајот.

Припадници на Полициска станица откако ќе ги легитимираа жените учеснички во сообраќајот им подаруваа цвеќе со што им го честитаа денешниот празник.

Ваквиот потег наиде на одобрување и воодушевување не само кај жените – учеснички во сообраќајот туку и кај минувачите.

Инаку денешната акција беше спроведена на два потега во градот, на улицата „маршал Тито“ – кај големиот паркинг од Градскиот трговски центар и на улицата „Тодосија Паунов“ кај Автобуската станица.

С. Ивановски

P3960758

P3960766

P3960764

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари